Газда Ѕампарини беше бесен што Илија Несторовски и Александар Трајковски мораа да заминат на репрезентативна должност па дури и се закануваше со тужби, но Палермо беспрекорно го положи првиот тест.
Попладнево на Ренцо Барбера славеше во дуелот со Карпи со убедливи 4-0 и ја забележа својата најубедлива победа во Серија Б оваа сезона. Коронадо го отоври резултатот од пенал во 18. минута, а истиот играч на стартот од вториот дел погоди за 2-0. Младиот Ла Гумина стрелаше прецизно во 67. минута за 3-0, а Коронадо десет минути подоцно стигна до хет-трик и го постави конечниот резултат.
Илија Несторовски иако не можеше да помогне, го бодреше својот тим на социјалните мрежи и од Анталија го гледаше шоуто на Ренцо Барбера.