333
Во изјавите по натпреварот една реченица на Микел Артета беше предмет на анализа на англиските медиуми.
Артета рече дека треба да бидат донесени важни одлуки во пресрет на наредната сезона.
Тоа е протолкувано дека ќе се случат сериозни промени во тимот.
Се верува дека ќе бидат донесени повеќе засилувања, но од тимот ќе заминат и некои важни фудбалери.
Дел од играчите кои би можеле да бидат продадени е и капитенот Одегард кој немаше најдобра сезона.