Артета: Освоивме голем трофеј, но не го освоивме најголемиот…

by riste
1 минути читање

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека чувствува болка по поразот од ПСЖ во финалето, но е горд на своите фудбалери и стручниот штаб за покажаното оваа сезона.

Малку фалеше Арсенал да ја освои и Лигата на шампионите, но топчиите загубија на пенали од ПСЖ.

„Честитки за ПСЖ и за Луис Енрике. Тие се најдобриот тим во светот“, вели Артета.

„Што чувствувам јас? Болка. Освоивме голем трофеј, но не успеавме да го освоиме најголемиот. Да загубите трофеј на пенали, никој не може да ви ја намали болката“.

„Лесно можеше да добиеме пенал врз Мадуеке. Во изминатите 72 часа ги изгледав сите пенали оваа сезона во ЛШ за да разберам што е пенал, а што не. Фаулот врз Мадуеке можеше лесно да биде пенал за нас“.

„Промашувањата на Езе и Габриел? Езе на тренинг ги погодуваше сите пенали, беше подготвен, но… Габриел сакаше да го изведе последниот пенал. Трениравме за овој момент“.

„Им кажав на фудбалерите и стручниот штаб дека ако решам милион пати благодарам, нема да биде доволно. Уживањето и моментите кои ги поминавме заедно, се над се“.

„Треба да почнеме да носиме многу важни одлуки доколку сакаме да стигнеме до уште едно финале. Ќе покажеме амбиција. Повеќе од способни сме за да го направиме тоа, но треба да бидеме многу многу амбициозни, многу брзи и многу паметни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×