Фудбалерите до 21 година поразени на гостувањето кај Бугарија

by Стефан
0 минути читање

Македонската репрезентација до 21 година беше поразена со минимални 1-0 на гостувањето кај Бугарија во пријателскиот натпревар што се одигра во Софија.

Избраниците на селекторот Станиќ одиграа израмнето прво полувреме во кое мрежите мируваа, но домаќинот успеа да го скрши отпорот на Македонија веднаш по паузата.

Клучниот момент се случи во 50. минута кога бугарските фудбалери го постигнаа единствениот погодок на средбата.

Во продолжението младите македонски репрезентативци се обидуваа да стигнат до израмнување и создадоа неколку опасни ситуации пред противничкиот гол, но немаа реализација за да избегнат пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×