Отаменди се врати дома за да си го исполни детскиот сон! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Аргентинскиот фудбалер Николас Отаменди потпиша договор со Ривер плата и го засилува гигантот како слободен агент, откако претходно си замина од Бенфика.

Искусниот дефанзивец потпиша договор со Ривер до 2027 година, а на екипата ќе ѝ се приклучи по завршување на Светското првенство.

„Доаѓањето во клубот за кој навивам е остварување на детскиот сон. Долго ја чекав оваа шанса“, кажа Отаменди.

Аргентинецот досега во кариерата играше за Манчестер сити, Бенфика, Валенсија, Порто и уште неколку екипи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×