Гави на емотивен начин ја прослави веста дека повторно ќе го носи дресот на Шпанија на Светското првенство. Младиот фудбалер на Барселона во живо го следеше објавувањето на списокот на Луис де ла Фуенте и до последен момент не знаеше дали ќе биде меѓу повиканите за Мундијалот.
Кога селекторот го прочита неговото име, Гави веднаш реагираше со огромна радост и воодушевување, јасно покажувајќи колку му значи враќањето во националниот тим и настапот на најголемата светска сцена.
Видеото од неговата реакција брзо се прошири на социјалните мрежи, а навивачите беа воодушевени од искрените емоции на фудбалерот на Барселона.
Gavi’s reaction to the World Cup call after long injury, filmed by Lamine Yamal. 🏆🇪🇸 pic.twitter.com/dgDn2cpk1G