Барди е трагичар за Коњаспор, промаши пенал во финалето од Купот на Турција (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Трабзонспор со 2-1 го победи Коњаспор во финалето од турскиот куп, а трагичар на мечот е македонскиот капитен, Енис Барди кој не реализираше удар од белата точка.

Беше 1-1 кога во 58. минута Барди имаше шанса да му донесе водство на својот тим, но македонскиот фудбалер ја погоди стативата од голот на Онана.

На десет минути пред крајот беше досуден и пенал за Трабзон кој го реализираше Онаучи, а тој гол значеше и победа за овој тим.

Онаучи го постигна и првиот гол за Трабзон, а на почетокот од вториот дел Мулека израмни на 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×