Надежта за ЕП згаснува уште на стартот, Македонија поразена од Летонија

by
1 минути читање

Македонските надежи влегоа со големи очекувања на елитните квалификации кои се играат во Скопје, се веруваше дека Англија ќе ни биде конкурентот за првото место кое носи на Европското првенство, но добивме шлаканица уште на стартот. Македонија загуби од Летонија со 2-1.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ доминираа на теренот во најголем дел од мечот, но гостите беа тие кои се радуваа на победата.

По неколкуте пропуштени шанси казната стигна, едно убаво проигрување во шеснаесетникот за Самоиловс кој реализираше за водство на Летонија од 1-0.

Македонија во вториот дел тргна уште поофанзивно кон голот на Летонија, но во 56. минута нов студен туш за нашите фудбалери, Самоиловс постигнува прекрасен гол за водство на гостите од 2-0.

До крајот на мечот се обидувавме да се вратиме во игра, но тешко одеше. Успеавме само да го ублажиме поразот благодарение на гол на Митровски од пенал во 89. минута од натпреварот.

Се уште имаме теоретски шанси за првото место, но не и реални, денешниот пораз од Летонија ги урна надежите за голем успех.

Во вториот денешен натпревар од турнирот кој се одржува во Скопје, главниот фаворит Англија со 4-1 ја победи Унгарија.

Следен натпревар на Македонија е мечот со Унгарија кој се игра во сабота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани