Сити ќе му направи огромна чест на Пеп Гвардиола!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пеп Гвардиола ќе добие голема чест од Манчестер Сити по заминувањето од клубот на крајот од сезоната.

Раководството на англискиот шампион одлучило да изгради статуа со ликот на трофејниот стратег пред стадионот „Етихад“, како признание за сè што направи во изминатите години.

Покрај тоа, најавено е и дека северната трибина на стадионот во иднина ќе го носи името на Гвардиола. Сличен потег веќе има направено и градскиот ривал Манчестер Јунајтед, каде една трибина е именувана по легендарниот Алекс Фергусон.

Шпанецот зад себе остава блескава ера во Манчестер Сити, во која освои шест титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите, три трофеи во ФА Купот, пет во Лига купот и уште три во Комјунити шилд. На меѓународна сцена, Гвардиола стигна и до трофеите во Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство, со што дополнително го зацврсти статусот на еден од најуспешните тренери во историјата на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×