Дали во недела ќе има „местенка“ за Англија да добие шест екипи во Лигата на шампиони?!

by bojan
1 минути читање

По вчерашната победа на Астон Вила над Фрајбург во финалето на Лига Европа, Англија следната сезона може да има шест екипи во Лигата на шампиони, но за ова сценарио треба да се остварат неколку резултати.

Астон Вила синоќа се радуваше на првиот трофеј во Европа по 1982 година, со победа над Фрајбург од 3-0 стигна до триумф во Лига Европа.

Овој успех на момците на Унаи Емери ја отвара вратата за Англија следната сезона да има шест екипи во Лигата на шампиони.

За едно вакво сценарио, Астон Вила ќе треба да финишира како петта на табелата, односно да се остварат неколку резултати во последното коло.

Како прво, Астон Вила ќе треба да загуби на гостувањето кај Манчестер Сити, а потоа Ливерпул да го победи Бренфорд.

„Граѓаните“ ги загубија шансите за титула, па ќе немаат голема мотивација во недела, и во основа ќе треба да има „местенка“ за и шестиот во Премиерлигата да оди во Лигата на шампиони.

Во моментов Борнмут е на таа позиција, им треба само бод против Нотингем Форест во недела.

Своја математика има и Брајтон, кој со победа над Манчестер јунајтед, и пораз на Борнмут, може да се најде на позицијата шест и да игра Лига на шампиони.

ФОТО: X/Aston Villa

Можно е и ова да ти се допаѓа

×