300
Како што пренесува Кадена Сер, Душан Влаховиќ и Бернардо Силва биле понудени на Барселона, но Деко и Жоан Лапорта одлучиле да не ангажираат ниту еден од двајцата.
„Каталонците“ летово конечно треба да се вратат во правилото 1:1, но и покрај тоа не се во можност да се расфрлаат со пари на трансфер пазарот.
Сепак, и покрај ваквата ситуација, Барселона ја одбила можноста беспари да донесе две квалитетни засилувања.
Како што пренесува Кадена Сер, агентите на Душан Влаховиќ и Бернардо Силва стапиле во контакт со клубот од Камп Ноу и ги понудиле услугите на Србинот, односно Португалецот.
Но Деко и Жоан Лапорта одлучиле да не ангажираат ниту еден од двајцата фудбалери.