Саутемптон е исфрлен од плејофот за влез во Премиер лигата поради – шпиунажа!

by riste
1 минути читање

Шокантни вести за Саутемптон, нема да играат во финалето од плејофот за влез во Премиер лигата поради шпиунирање на тренингот на Мидслброу.

Саутемптон против Хал требаше во сабота на Вембли да се бори за враќање во најдобрата англиска лига, но наместо нив, ќе игра Мидлсброу.

Англиската лига потврди дека Саутемптон е исфрлен од финалето поради прекршување на правила за шпиунажа.

„Независната дисциплинска комисија денеска донесе одлука Саутемптон да биде исфрлен од плејофот во Чемпионшип, откако клубот призна повеќекратни прекршувања на правилникот поврзани со неовластено снимање тренинзи на други клубови“, стои во соопштението.

Датумот за финалето останува ист, 23 мај, но во него ќе играат Мидлсброу и Хал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×