Готово: Пеп заминува, Манчестер Сити има нов тренер!

by Стефан
0 минути читање

Енцо Мареска ќе биде нов тренер на Манчестер Сити и ќе го наследи Пеп Гвардиола, објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо со неговото препознатливо „Here we go“.

Романо тврди дека е постигнат целосен договор меѓу италијанскиот стручњак и актуелниот англиски шампион и Мареска ќе потпише тригодишен договор.

Италијанскиот тренер веќе подолго време се смета за идеален кандидат за наследник на Гвардиола, бидејќи добро го познава системот на Манчестер Сити. Мареска претходно работеше во стручниот штаб на Гвардиола, а во последните години ја гради својата самостојна тренерска кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×