Арсенал победи во свој стил, со гол по корнер и дојде на чекор до титулата! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Со гол на Каи Хаверц во првото полувреме, Арсенал со 1-0 го победи Барнли и дојде ептен блиску до заверка на титулата во Премиер лигата.

Арсенал напаѓаше во првото полувреме, особено додека да постигне гол, тоа се случи во 37. минута кога по еден корнер, Хаверц даде гол со глава за водство од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Во второто полувреме топчиите мајсторски ја контролираа играта, онака како што играа низ целата сезона и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Утре Манчестер Сити му гостува на Борнмут и ако не победи, Арсенал ќе стане шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×