Димитриевски и Валенсија во луд натпревар со седум гола обезбедија опстанок (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Валенсија на нашиот Столе Димитриевски со два гола во финишот од мечот стигнаа до победа од 3-4 на гостувањето кај Реал Сосиедад и обезбедија опстанок во најсилното првенство на Шпанија.

Реал Сосиедад и Валенсија го одиграа најлудиот натпревар во 37. Коло во Ла Лига, гостите на полувреме водеа, па домаќините на стартот од вториот дел го свртеа резултатот во своја корист, за на крајот популарните „лилјаци“ со играч помалку и два доцни гола да стигнат до триумф од 3-4.

Се започна во 3. минута, Муњоз стрелаше за 1-0. Валенсија веднаш одговори преку Гера за 1-1, а Дуро донесе 1-2 во 22. минута.

По еден час игра, Тарега си постигна автоогл за 2-2, а Оскарсон во 63. минута погоди за 3-2.

Комерт потоа заработи црвен, но и со играч помалку, Валенсија изедначи на 3-3 во 89. минута, за длабоко во судиското надополнување, Гера со својот втор погодок да донесе 3-4 и три бода кои значат опстанок.

Опстанок вечерва уште обезбедија и Еспањол, Севиља и Алавес, додека во последното коло, Леванте, Осасуна, Елче, Жирона и Мајорка ќе се обидат да се спасат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×