Бернабеу го свиркаше Мбапе, мајка му се смееше, а тој вели: Ништо страшно, никој нема да умре! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Навивачите на Реал Мадрид кои беа на Сантијаго Бернабеу го исвиркаа Килијан Мбапе, тој не го сфати тоа трагично, барем така вели.

Мбапе мечот со Овиедо го почна од клупата, во игра влезе во текот на второто полувреме и доби свирежи при влегувањето.

Неговата мајка која го гледаше мечот од трибините, иронично се смееше на реакциите на навивачите.

По натпреварот Мбапе беше прашан што мисли за свирежите на навивачите.

„Тоа е став. Никој нема да умре вечерва. Нормално е, не победувате и фановите ве критикуваат, тоа се случува во секој клуб. Ако не победувате, луѓето ќе ви свиркаат“, вели Мбапе.

Мбапе поради наводна повреда одби да отпатува на Ел Класико, сега филозофски се обиде да се одбрани.

„Она што ме боли е дека луѓето мислат дека не сакам да играм. Тоа не е случај. На почетокот тие велеа дека сум играл премногу, треба да одморам, сега велат дека не сакам да играм. Има ли смисла“.

„Штета што не можев да играм на Ел Класико. Сакам да го играм тоа дерби, секогаш давам голови против Барселона. Но, не бев сто проценти подготвен да играм. Секогаш сакам да играм, но одиме понатаму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×