Aрбелоа: Точно е тоа што го кажа Перез, украдени ни се најмалку седум титули

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа денеска го повтори ставот на Флорентино Перез дека Реал Мадрид е оштетен за најмалку седум титули во Ла Лига.

Перез претходно детално говореше за целиот случај, упатувајќи сериозни обвинувања кон судиите и споменувајќи ја контроверзната афера „Негреира“, во која е вмешана Барселона.

Тој воедно ги оправда и случувањата со инцидентот меѓу Феде Валверде и Орелијан Чуамени, нагласувајќи ја својата позиција околу судењето во шпанскиот фудбал.

Исто така, Перез истакна дека Реал Мадрид останува единствениот клуб кој, според него, се бори за „правда“ во шпанскиот фудбал, додека Арбелоа на денешната прес-конференција ги поддржа тие ставови.

„Како што кажа нашиот претседател Флорентино Перез, во последните 20 години ни беа одземени најмалку седум титули поради судиите поврзани со случајот ‘Негреира’. Сите знаеме што се случуваше и за кого работеше Негреира. Шокантно е што само Реал Мадрид се бори за правда, додека останатите молчат“, изјави Арбелоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×