Голем број на извори од „островото“ пренесуваат дека „ѓаволите“ одлучиле да седнат на маса со Мајкл Керик и да дискутираат за можноста стратегот да продолжи на тренерското столче.
Мајкл Керик на привремена основа го презеде кормилото на Манчестер јунајтед по отказот на Рубен Аморим и заврши одлична работа, со 10 победи на 15 натпревари обезбеди настап во Лигата на шампиони, и околу 100 милиони фунти екстра приход за следната сезона.
Но и покрај тоа, низ медиумите често кружеа гласини дека „ѓаволите“ разгледуваат други имиња за нов тренер.
Сепак, попладнево голем број на извори пренесуваат дека Манчестер јунајтед одлучил да седне на маса со Мајк Керик и да дискутираат за можноста тој да продолжи на жешкото столче на Олд Трафорд.
Директорите се свесни дека Мајкл Керик и неговиот тим ја имаат поддршката од соблекувалната, како и поддршката на навивачите по победите над Манчестер Сити, Арсенал, Челси и Ливерпул.
„Ѓаволите“ сепак не ја исклучуваат можноста некој друг да биде именуван за нов тренер и веќе е разговарано со неколку кандидати.
Идејата е што поскоро да се одбере новиот тренер, за да може фокусот да се насочи кон летниот преоден рок и кроењето на тимот за новата сезона.
Главна трансфер цел се барем двајца фудбалери од средниот ред и лево крило, а на листата со желби има и централен дефанзивец, лев бек и голман.