Винисиус до Гави: Имам титули во Лигата на шампиони, ти…?

by bojan
1 минути читање
Летаа искри меѓу двајцата и вообичаена размена на провокации помеѓу Винисиус Жуниор и Гави на „Ел Класико“

Ривалството помеѓу Винисиус Жуниор и Гави станува редовна приказна од „Ел Класико“, па и во неделата повторно летаа искри меѓу двајцата и вообичаена размена на провокации.

Пресметките помеѓу Барселона и Реал Мадрид секогаш носат тензија, а во последните неколку години, едни од главните актери кога се во прашање провокациите и „пецкањето“ се Винисиус Жуниор и Гави.

Во неделата повторно летаа искри помеѓу двајцата, а камерите на Мовистар уловија дел од конверзацијата.

Во еден момент, Гави му приоѓа на Винисиус Жуниор и му вели, „Еј, освојувач на „Златната топка“, замолчи!““

Гави очигледно реши да удри онаму каде што боли, откако Винисиус Жуниор во 2024 за малку извиси во борбата со Родри за ова престижна индивидуална награда.

Секако, Бразилецот не останува покус и врати: „Јас имам титули во Лигата на шампиони, ти…?“

Винисиус Жуниор во неколку наврати го потсети фудбалерите на Барселона, како и публиката на Камп Ноу, дека Реал Мадрид има 15 трофеи во најелитното европско натпреварување.

Во друга ситуација, Винисиус му вели на Гави, „Што ти е брат? Јас сум смирен“, а Гави му возвраќа, „Добро тогаш, замолчи и играј. Престани да се глупираш“.

По крајот на натпреварот, Гави не сакаше да му даде премногу значење на неговиот дуел со Винисиус и порача „Тој е исто толку темпераментен како јас. Но Вини е фантастичен фудбалер. Само му реков да замолчи, ништо повеќе. Тоа што се случува на теренот, останува на теренот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×