83
Според реномираниот медиум „Атлетик“, Килијан Мбапе не сака да игра на Бернабеу до крајот на оваа сезона, а причина се навивачите.
Францускиот фудбалер покажува мекост, наместо на теренот да одговори со пожртвувана игра, асистенции и голови, тој се чувствува навреден од навивачите и не сака да игра на Бернабеу.
Тој неколкупати досега беше исвиркан на Бернабеу, па не сака тоа да се случува и понатаму.
Мбапе е слика на новата генерација на фудбалери кои лесно се навредуваат и се тешки за менаџирање во соблекувалната за разлика од ѕвездите во минатото кои имаа повеќе почит и кон навивачите и кон тренерите и соиграчите.