Наполи се врати од два гола негатива, па следуваше шок во 91. минута (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Наполи не успеа да го потврди настапот во Лигата на шампиони, вечерва „наполитанците“ во драматична завршница загубија дома од Болоња со 2-3.

Во последните две кола во Серија А, пет екипи ќе се борат за три места кои водат во Лигата на шампиони.

Наполи вечерва ја пропушти првата „меч топка“, киксна против Болоња, па топ четири пласманот ќе мора да го завери во некое од следните кола.

Гостите поведоа по десет минути игра, Бернардески прекрасно биеше за 0-1. Орсолини од пенал заголеми на 0-2 во 34. минута, но во втората минута од судиското надополнување на првиот дел, Ди Лоренцо намали на 1-2,

Наполи се врати во игра одма на стартот од второто полувреме, Алисон Сантош погоди за 2-2.

Но домаќините не успеаја во целост да го свртат резултатот во своја корист, а во самиот финиш останаа и со празни раце, Џонатан Роу во 91. минута атрактивно закачи еден волеј за 2-3.

Нашиот Елиф Елмас доби шанса во второто полувреме, ги одигра последните 15 минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×