Ханси Флик ѝ ја донесе втората шампионска титула на Барселона по ред, но вчерашниот ден за Германецот беше многу повеќе од обичен ден во кој се заверуваше трофејот.
Утрината пред Ел Класико осамна информацијата дека неговиот татко починал, но и покрај тоа, тој реши да остане и да го води тимот вечерта против Реал Мадрид. Во прв момент тој се мислел дали воопшто да каже на некој, но се одлучил да им каже на луѓето во Барса.
„Ќе ви кажам нешто. Ова е сериозно. Утринава мајка ми ми се јави и ми кажа дека мојот татко починал. Се мислев дали да му кажам на тимот или не. Тие ми се како семејство, па им кажав. Никогаш нема да заборавам што направија тие за мене. Беше неверојатно. Никогаш нема да го заборавам тоа. Многу сум среќен и горд за сите. За секој фудбалер, секој член на стручниот штаб, сите во клубот. За мене ова е вистинско семејство“, рече Флик.
„Никога нема да го заборавам овој ден, им благодарам на сите во Барселона. Ја заслуживме оваа титула“.