39
Денеска од 17:30 Вест Хем го пречекува Арсенал, овој меч е од исклучителна важност и за Тотнем.
Спарс се борат за опстанок, а нивниот најголем конкурент е Вест Хем, тие се молат за секој загубен бод на Чеканите, а денеска ситуацијата е необична.
Вест Хем игра со Арсенал, тоа значи дека навивачите на Тотнем ќе треба да навиваат за тимот кој најмногу го мразат, нивниот сосед.
Ако Арсенал победи голема е веројатноста дека ќе станат шампиони, а ако Вест Хем победи, тогаш се зголемува веројатноста дека Тотнем може да испадне.
Да не сте во кожата на навивачите на Тотнем, не знаат што е поголемо зло за нив.