27
И покрај тоа што во минатото коло ја заверија титулата во Серија А, Интер денеска одигра максимално сериозно против Лацио и го победи со 3-0.
Победата беше најавена уште во шестата минута кога Лаутаро Мартинез постигна гол за водство од 1-0.
На пет минути до крајот на првиот дел Сучиќ реализираше за предност на Интер и од 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.
Во 59. минута се зголемија проблемите за Лацио откако Ромањоли заработи црвен картон.
Тоа го искористи Интер кој 15 минути подоцна даде и трет гол преку Мхитарјан за конечни 3-0.