Преку 50 милиони мадридисти потпишаа петиција за Мбапе да си оди!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ситуацијата околу Килиан Мбапе во Реал Мадрид станува сè потензична, а незадоволството кај навивачите расте од ден во ден. На интернетот се појави петиција преку која се бара заминување на Французинот од Реал.

Онлајн петицијата „Мбапе надвор“ за кратко време собра огромен број потписи, а дел од фановите бараат промени во тимот и сметаат дека Реал игра подобро без Французинот. И покрај тоа што Мбапе има одлична статистика и постигна 44 гола во дебитантската сезона и 41 во тековната, критиките не престануваат.

Навивачите му замеруваат за слаб придонес во одбраната и недоволна соработка со Винисиус Жуниор. Шпанските медиуми пишуваат и за тензии во соблекувалната, а дополнително се потенцира дека Реал имал подобри резултати во периодот кога Мбапе не бил во тимот. Французинот има договор со Реал Мадрид до 2029 година, а неговата вредност се проценува на околу 200 милиони евра.

Петицијата која ја потпишаа преку 50 милиони луѓе погледнете ја на ОВОЈ линк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×