Дали Килијан Мбапе е навистина проблем како што велат некои критичари? Откако напаѓачот замина од ПСЖ, клубот ги остварува најголемите успеси, а онаму каде што отиде, во Реал Мадрид, не освојува ништо.
ПСЖ го мина полуфиналето против Баерн Минхен и ќе го брани трофејот од Лигата на шампионите во Будимпешта против Арсенал.
Ова е второ последователно финале за францускиот тим и тоа второ откако Килијан Мбапе замина од ПСЖ.
Францускиот фудбалер се пресели во Реал Мадрид за да ги освои најголемите фудбалски височини, но кралскиот клуб со него завршува втора сезона без трофеј.
За оваа статистика која не оди во прилог на Мбапе, многумина го обвинуваат токму него. Го потенцираат неговото големо его, недоволната ангажираност во фаза на одбрана, тактичката непослушност и опседнатоста со личните бројки на голови и асистенции.