Сите во Словенија се изненадени по тоа што Марибор го стори за Ибраими пред стартот на дербито со Домжале (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Агим Ибраими своите
најголеми успеси на клупски план ги имаше во дресот на Марибор, каде во пет
сезони одигра 107 натпревари а постигна 29 погодоци. Тоа значеше едно ниво
погоре за Македонецот, по што следеше преселба во Каљари каде постигна два гола
на 25 натпревари.

Но, по тоа што се случи
пред две години во односите на релација Марибор-Ибраими ретко кој би очекувал
дека нашиот фудбалер ќе добие таква чест пред стартот на дуелот против неговиот
поранешен клуб кој вчера неговиот тим Домжале го доби на гостински терен со
1-2, во кој 90 минути одигра Зени Хусмани, а Ибраими играше се
до 87. минута од средбата.

Во Словенија се посебно
изненадени од гестот на Марибор како клуб, кој му врачи голема фотографија и воедно цвеќиња на
нашиот фудбалер пред стартот на средбата, а реакцијата од трибинскиот простор
пак беше додатно изненадување откако следеа аплаузи по излегувањето на Ибраими
на теренот за да се загрее за дербито.

Инаку, малку недостасуваше Ибраими да постигне спектакуларен гол против Марибор, но неговиот силен удар со крајни напори беше одбранет од домашниот чувар на мрежата.

(моментот погледнете го на 1,15)

Ќе додадеме дека Домжале
е во страшна серија откако нанижа цели осум победи во шампионатот на Словенија.

 

Извор/Фото: ekipa.svet24.si

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани