Гвардиола: Подобро бод од пораз, ама сега немаме ништо во свои раце…

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити одигра нерешени 3-3 на гостувањето кај Евертон и со тоа направи чекор назад во трката за титулата во Премиер лигата. Во моментите кога притисокот беше врз Арсенал, „граѓаните“ кикснаа и сега се на минус пет во однос на лидерот со натпревар помалку.

По натпреварот коментар на одиграното даде тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој кажа:

Подобро е да освоиме бод отколку да загубиме, но секако подобро ќе беше да победевме. Противникот беше исклучително агресивен, што добро го издржавме во првото полувреме кога одигравме речиси совршено. Во второто немавме ист интензитет и примивме три гола. Ова беше вистински англиски натпревар и генерално одигравме многу добро. Секогаш е тешко да се гостува кај Евертон и им честитам. Им беше тешко да не скршат, имаа само една вистинска шанса. Ние создававме многу, шутиравме и напаѓавме постојано, но тие се бранат длабоко и се опасни во транзиција. Ќе го земеме бодот и продолжуваме, ништо не е готово, но трката за титулата повеќе не е во наши раце. Досега беше така, но сега не е. Имаме уште четири натпревари и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Гвардиола.

Сити во моментов има 71 бод, а Арсенал е лидер со 76. Сите математики и распоред до крајот погледнете ги на ОВОЈ линк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×