Денеска со два натпревари во Струга и Кавадарци ќе биде затворено 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Струга која до крајот на сезоната е без притисок бидејќи тешко може да ја стигне Шкендија на второто место, но исто така е и далеку пред Силекс со девет бода ја пречекува Брера која сака бодови во борбата за опстанок.
Брера е на деветтото место кое води во баражот и ако победат ќе имаат шест повеќе од Македонија Ѓорче Петров на позцијата која носи директно во Втората лига, па затоа победата за струмичани е и важна. Во натпреварот влегуваат со серија од четири натпревари без победа (две победи и две реми), додека Струга на последните два дуели славеше победи.
Во Кавадарци, Тиквеш кој е петти и речиси да го обезбеди опстанокот го пречекува Арсими кој со бодови денеска би направил голем чекор кон сигурен опстанок. Тимот од Чегране е прв над опасната зона со 39 бода, пет бода повеќе од Пелистер и ако слават денеска многу веројатно и ќе обезбедат опстанок бидејќи до крајот на сезоната во игра ќе бидат уште девет бода.
Двата натпревари се играат во терминот од 16:00 часот.