Еден фудбалер на Реал Мадрид повеќе не зборува со Арбелоа, ниту пак сака да го види

by bojan
1 минути читање

Весникот Марка објави дека пукнала тиквата помеѓу Дани Себаљос и Алваро Арбелоа, фудбалерот од средниот ред ги известил соиграчите дека повеќе не сака да има никаков однос со тренерот и нема да игра до крајот на сезоната.

Дани Себаљос го одигра последниот натпревар во дресот на Реал Мадрид, не се очекува Шпанецот повторно да истрча на терените до крајот на сезоната, ниту пак да биде дел од клубот во новата сезона.

Како што пренесува Марка, подолго време имало нетрпение помеѓу Дани Себаљос и Алваро Арбелоа, ситуацијата кулминирала минатата недела на еден состанок помеѓу двајцата во тренинг центарот.

По оваа средба, Дани Себаљос во соблекувалната на Реал Мадрид открил дека повеќе не зборува со Алваро Арбелоа, ниту пак сака да го види.

Без да навлегува во детали, тој сугерирал дека има личен проблем со тренерот, сакал само да им навести дека повеќе нема да игра, но ќе продолжи да работи нормално за да не се наруши атмосферата во тимот, бидејќи имал голема почит за своите соиграчи.

Тимот бил изненаден од веста, но по големиот број работи кои се случиле оваа сезона, и не било некој голем шок.

Марка додава дека клубот застанал на страната на тренерот, па дури и веруваат дека Дани Себаљос намерно го исценирал конфликтот како оправдание плус да го напушти „Бернабеу“.

Дани Себаљос, кој е дел од Реал Мадрид од 2017 година, нема одиграно ниту една минута откако се опорави од повредата на почетокот на април месец. Неговиот последен настап беше против Осасуна на 21. февруари, кога во финишот направи скапа грешка за голот на домаќините за победа од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×