98
По официјалното испаѓање во Чемпионшип, во Барнли следуваше очекувана тренерска смена. Клубот се раздели со Скот Паркер, кој не успеа да ја исполни главната цел и да го задржи тимот во елитното друштво.
Од клубот потврдија дека разделбата е реализирана по заемна согласност, по разговори во кои двете страни заклучиле дека е најдобро да се тргне во различни насоки.
До крајот на сезоната, тимот ќе го предводи досегашниот помошник Мајкл Џексон, кој ќе има задача да ја доврши кампањата во преостанатите четири кола.
Паралелно со тоа, раководството на Барнли веќе започнува потрага по ново, долгорочно решение за тренерската позиција.