Голем број на извори од „островото“ објавија дека Коби Мејну денеска ставил потпис на нов договор и се обврзал кон Манчестер јунајтед до 2031 година.
Младиот Коби Мејну оваа сезона игра за „кикирики“ откако запнаа преговорите за нов договор, особено откако фудбалерот од средниот ред падна во втор план кај Рубен Аморим.
Но откако Мајкл Керик седна на тренерското столче, Коби Мејну доби шанса да се наметне во стартниот состав, па двете страни повторно седнаа на маса.
Преговорите веднаш прогресираа, а попладнево голем број на извори од „островото“ објавија дека Коби Мејну денеска ставил потпис на нов договор и се обврзал кон „ѓаволите“ до 2031 година.
Се говори дека во моментов неговата плата е околу 25.000-30.000 фунти неделно, а со новиот договор таа ќе скокне на дури 120.000 фунти неделно, а со бонуси може да се искачи и на 150.000 фунти неделно.