Повредата која Јамал ја заработи во натпреварот против Селта Вига не е наивна и според информациите од Шпанија тој нема да биде подготвен за почетокот на Светското првенство, претходно веќе беше потврдено дека дефинитивно за него сезоната е завршена.
Јамал успеа да се запише во листата на стрелци од пенал, но веднаш потоа падна на теренот и беше принуден да го напушти натпреварот. Подоцна беше потврдено дека станува збор за повреда на задната ложа на левата нога. Од Барселона информираа дека 18-годишниот офанзивец сигурно ќе ги пропушти преостанатите шест кола во Ла Лига, при што неговото закрепнување ќе се одвива внимателно, без непотребно брзање.
Каталонските медиуми пренесуваат дека во клубот не сакаат да ризикуваат со негово прерано враќање, дури и по цена Јамал да ги пропушти првите два натпревари на Шпанија на Светското првенство. Станува збор за дуелите против Зеленторска Република и Саудиска Арабија, бидејќи постои страв од можно влошување на повредата.
Според проценките, рехабилитацијата за ваков тип повреда трае меѓу четири и шест недели, што остава можност Јамал да биде подготвен дури за третото коло од групната фаза, натпреварот против Уругвај, закажан за 27 јуни.