Вардар како шампион може да ја пречека Шкендија!

by riste
1 минути читање

Денешниот кикс на Шкендија против Башкими му ги зголеми шансите на Вардар за шампионската титула, на лидерот може да ја завери титулата уште пред големото дерби кое ќе се игра во последното коло.

Сезоната во Првата лига ќе заврши со дуелот меѓу Вардар и Шкендија. Веќе некое време се чинеше дека тоа ќе биде решавачки дуел за титулата, но сега работите се менуваат.

По 29. коло Вардар има четири бода предност, па ако триумфира на следните три натпревари, како шампион ќе ја пречека Шкендија во последниот дуел.

Вардар во следното коло му гостува на Башкими, потоа го пречекува Силекс, па оди кај Струга.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×