Милан остана без Модриќ, заврши сезоната за хрватскиот ветеран

by Стефан
1 минути читање

Лука Модриќ нема да настапува за Милан до крајот на сезоната, откако по дербито со Јувентус беше утврдено дека заработил двојна скршеница на јаболчницата.

Според денешните медицински прегледи, повредата е посериозна, поради што хрватскиот ветеран ќе мора да паузира во завршницата од сезоната и нема да му биде на располагање на тренерот Алегри.

И покрај тоа, хрватските медиуми пренесуваат дека неговиот настап на Светското првенство не би требало да биде доведен во прашање.

Повредата Модриќ ја заработи во финишот на натпреварот, по дуел со глава со Мануел Локатели. Италијанскиот репрезентативец помина без повреди, додека Модриќ мораше да го напушти теренот.

Во моментов не е познато дали ќе биде потребна хируршка интервенција или ќе се пристапи кон конзервативен третман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×