Модриќ ќе го памети дербито, доби „печат“ на лицето по судир со капитенот на Јувентус (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Лука Модриќ се повреди во финишот од дербито меѓу Милан и Јувентус 0-0 по судир со Мануел Локатели.

Двајцата се удрија со главите во воздушен дуел, по што Модриќ се тетеравеше и мораше да биде заменет. Подоцна се појави со мраз на лицето, а Локатели му се извини и му посака брзо закрепнување. Хрватот имаше видлива модринка и оток под левото око.

Веднаш му се извинив. Ми рече ‘Имаш тврда глава’, а јас му одговорив ‘Имаш и ти’. Се надевам дека ќе биде добро, тој е голем шампион“, изјави Локатели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×