Во Барса и Шпанија се молат повредата на Јамал да не е сериозна!

by riste
1 минути читање

Ламин Јамал предвреме го напушти синоќешниот меч против Селта откако заработи повреда при постигнувањето на голот од пенал.

Јамал денеска ќе оди на детални медицинските прегледи по кои ќе биде познато колку е тешка повредата и кога би се вратил на теренот.

Најоптимистичкото сценарио е истегнување на мускул, што би значело пауза од една до три недели, но во случај на делумно кинење, паузата би била до два месеци. Тоа практично би значело пропуштање на дуелот со Реал Мадрид на 10 мај, на кој Барса би ја прославила титулата, но шанса за делумна подготвеност за Мундијалот. Најлошата опција е целосно кинење на мускул, што би значело пауза од најмалку три месеци и пропуштање на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×