Се огласи Карагер, Слот од Ливерпул може добие отказ само во еден случај

by Стефан
1 минути читање

Иднината на Арне Слот на клупата на Ливерпул и натаму е една од главните теми во англиските медиуми во текот на целата сезона. За ситуацијата сега зборуваше и поранешниот дефанзивец на клубот, Џејми Карагер.

Според неговите информации, Слот ќе остане на кормилото на „црвените“ само доколку обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Во спротивно, можно е да дојде до разделба со клубот.

„Иднината на Арне Слот на клупата на Ливерпул е тема што се провлекува цела сезона. Мислењата се поделени и меѓу навивачите, но информациите што стигнуваат до мене укажуваат дека тој ќе остане тренер ако избори пласман во Лигата на шампионите, а тоа, според моменталната ситуација, е многу извесно“, изјави Карагер.

Ливерпул моментално се наоѓа на петтото место на табелата, позиција што води во елитното европско натпреварување. На пет кола до крајот, тимот има седум бодови повеќе од Челси и Брентфорд, што им дава значителна предност во битката за Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×