Фудбалерите на Баерн Минхен продолжуваат да рушат рекорди во Бундеслигата и веќе ја надминаа границата од 101 гол и стигнаа до 109 погодоци, а до крајот на сезоната ќе атакуваат и на европскиот рекорд од 125 голови.
Овој историски учинок и натаму го држи легендарната генерација на Торино од 40-тите години на минатиот век, тим кој доминираше во италијанскиот фудбал со пет шампионски титули, пред да се случи трагичната авионската несреќа на 4 мај 1949 година. Рекордот од 125 голови беше поставен во сезоната 1947/48, а сега, повеќе од седум децении подоцна, Баерн има реална шанса да го урне.
По 30 одиграни кола, баварците имаат импресивен просек од 3,6 гола по натпревар. Доколку го задржат ваквиот ритам, во преостанатите четири натпревари би можеле да постигнат уште 14 до 15 голови, што значи дека би завршиле со вкупно 123 или 124, само чекор до историскиот подвиг.
Дополнителен оптимизам носи и нивната актуелна форма. Во последните четири натпревари во првенството, Баерн постигна дури 16 голови, победи против Штутгарт (4-2), Сент Паули (5-0), Фрајбург (3-2) и Унион Берлин (4-0), што е просек од точно четири гола по меч. Со ваква ефикасност, рекордот на Торино изгледа достижен.
Сепак, Баерн не размислува само на голови и рекорди. До крајот на сезоната ги очекуваат и далеку поважни предизвици, полуфинале во Лигата на шампионите против актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен, како и битка за финале во германскиот куп против Баер Леверкузен.
🇮🇹 En 1949 ocurrió una de las más grandes tragedias del fútbol ⚽️
— La Vieja Guardia (@ViejaGuardiaEA) November 3, 2023
🐂El plantel de 'Il Grande Torino', que por aquel entonces era el mejor equipo de Italia (y posiblemente de toda Europa) perdió la vida en un fatal accidente de avión.
La tragedia de Superga 🛩️💥
Sale Hilo 🧵 pic.twitter.com/kqoWtcXKSu