Раководството на Вардар одлучи и денешниот реванш куп натпревар против Шкендија да го игра со младински состав кој беше зачинет со 2-3 искусни фудбалери.
Таквата одлука си го направи своето и Вардар доживеа убедлив пораз во Тетово.
„Добро се држевме првите 45. минути со овој комбиниран тим кој го изведовме денеска во Тетово. После се случуваа индивидуални грешки, и тука имавме проблеми. Имавме проблем и по страничните позиции. Не можам да замерам, играчите го дадоа максимумот и колку што можеа. Овој тим како денеска не може да се носи со овој предизвик. Не се виновни играчите, иако сметам дека уште многу да се работи. Ова треба да биде и поука за нив против една ваква искусна екипа која игра неколку години заедно. Не треба сега да се фрла со дрва и камења по фудбалерите, туку да биде школа за нив понатаму.“, изјави Јаневски за официјалниот сајт на Вардар.