Кулушевски ќе остане лојален на Тотнем по секоја цена

by 24 фудбал
1 минути читање

Дејан Кулушевски испрати силна порака за лојалност кон Тотнем, најавувајќи дека ќе остане во клубот и следната сезона, без разлика на исходот од борбата за опстанок.

Лондонскиот состав има тешка сезона и се наоѓа во опасната зона на табелата во Премиер лига, позиција која води кон преселба во Чемпионшип. Во случај на испаѓање, се очекува дел од носителите на играта да заминат, но Кулушевски не размислува во таа насока.

Останувам во Тотнем, тоа е сигурно. Не сакам ни да помислам на испаѓање од Премиер-лигата, верувам во опстанок, но дури и ако се случи тоа црно сценарио, мојата желба за останување ќе биде уште поголема. Искрено ми е жал што серијата повреди ме спречи да дадам свој придонес сезонава, сето тоа ме прави порешителен да останам и да дадам се од себе за Тотнемследната сезона, без разлика дали во Премиер лигата или во Чемпионшип“, изјави Кулушевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×