19
Немаше голови на денешниот натпревар од Премиер лигата меѓу Кристал Палас и Вест Хем, мечот заврши 0-0.
Кристал Палас и Вест Хем одиграа рамноправен натпревар и ги поделија бодовите.
Победата му беше попотребна на Вест Хем кој води грчевита борба за опстанок, но и со овој освоен бод ја зголеми предноста над Тотнем.
Вест Хем има 32 бодови и е над зоната за испаѓање, а во неа е Тотнем со 31 бод.
До крајот има уште пет кола. Во наредното Вест Хем е домаќин на Евертон, а Тотнем му гостува на испаднатиот Вулвс.