Најдобрата македонска
фудбалска репрезентација се подготвува за собирот кој ќе го има во Анталија на
18 март каде ќе одигра и две контролни средби, со Финска и Азербејџан.
Селекторот Игор
Ангеловски го објави списокот на фудбалери за двете предвидени контролки во
Анталија, на кој новитет е само враќањето на Дејан Илиев од Арсенал, и тоа
најмногу поради повредениот Дејан Митов Нилсон.
Голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев; Одбрана: Стефан Ристовски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Кристијан Тошевски, Висар
Муслиу, Кире Ристевски; Среден
ред:
Аријан Адеми, Енис Барди, Бобан Николов, Ферхан Хасани,
Марјан Радески, Езгјан Алиоски, Стефан Спировски; Напад: Горан Пандев, Александар Трајковски, Илија Несторовски, Иван Тричковски.
„Ова се фудбалери кои
играа и во минатата 2017. година, повикани се и за овие две контролни средби.
Пред нас е една исклучителна година, не очекува Лигата на нации, а не планирам
да правам експерименти во селекцијата, доброто од 2017. година не треба да се
менува, а треба да се воигруваме во иднина“ рече Ангеловски кој притоа додаде и
дека ги следи настапите на Бесир Демири во Мариупол каде на два пати
во низа се најде во идеалниот тим на колото во најсилниот фудбалски шампионат
на Украина, а на списокот го нема ниту најдобриот напаѓач во нашиот домашен
шампионат, напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими.