Клубот од Стемфорд Бриџ попладнево соопшти дека Моисес Каиседо ставил потпис на нов договор и останува верен до 2033 година.
„Сините“ поминуваат низ турбулентен период, беа елиминирани во Лигата на шампиони, во Премиерлигата се надвор од топ 5, а фудбалери како Енцо Фернандез и Марк Кукуреља донесоа немир со изјавите во кои под знак прашалник ги ставија одлуките кои раководството ги влече.
Навивачите исто така не се задоволни и најавија протест пред натпреварот против Манчестер јунајтед.
Но Челси сака да покаже дека се движи во права насока, рекордното засилување, Моисес Каиседо ованува верен.
Еквадорецот, за кого беа платени 100+15 милиони фунти, стави потпис на нов договор со трајност дури до 2033 година.
Претходно, на нова соработка се обврза и капитенот Рис Џејмс.
Moi is here to stay. 🔵🇪🇨
— Chelsea FC (@ChelseaFC) April 17, 2026