387
Фортуна Ситард славеше
убедлива победа од 3-0 против Мастрихт во 27 коло од холанската втора лига, а
конечниот исход од средбата го постави токму нашиот интернационалец Стефан
Ашковски во финишот.
Ашковски својот гол го
прослави на еден провокативен начин, барем за гостинските навивачи, во стилот
на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, а тоа го разбесни нив, веднаш почнаа да
фрлаат разни предмети кон него, а Македонецот за тоа доби и жолт картон.
Ова беше десетти гол за
Ашковски сезонава во дресот на Фортуна Ситард, која пак со 49 бода се наоѓа на
третото место на табелата, со шест бода заостанување зад лидерот Јонг Ајакс,
место кое води директно во елитата на Холандија.