Пако Лопез е новиот
тренер на шпанскиот прволигаш Леванте, каде настапува нашиот репрезентативец
Енис Барди, а тој доаѓа на клупата на тимот од Валенсија на местото на Лопез
Муњиз.
Леванте веќе стигна
сериозно до зоната за испаѓање на табелата во Примера каде со 21 бод се наоѓа
на 17 место, па сосема очекувано беше да има промени во тренерскиот дел на оваа
екипа.
Тимот од Валенсија имаше
резултатска криза од која дури цели 15 меча беше без победа, а реакцијата на
раководството на клубот беше сосема очекувана.
Што се однесува пак до
нашиот Барди, тој веќе извесен период го загуби местото во тимот, во новата
2018. година одигра нешто повеќе од 60 минути за Леванте, во последниов период
или е на клупата за резервни фудбалери, или пак на трибинскиот простор.