Македонија ЃП по пет меча конечно освои бод во ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Брера Струмица и Македонија Ѓорче Петров го поделија пленот и одиграа нерешени 1-1 во натпреварот од 27 коло на ПМФЛ.

Средбата во Струмица понуди по гол во двете полувремиња, а на крајот позадоволни веројатно беа гостите. „Лавовите“ беа во серија од пет прволигашки порази пред овој натпревар, па сега конечно освоија бод по пауза од преку еден месец.

Брера успеа да поведе во 22 минута со голот на Филип Михаилов. Овој резултат беше активен и на полувремето, иако имаше по некоја шанса да се смени. Израмнувањето на гостите пристигна во 57 минута од средбата кога патот до домашната мрежа го пронајде Огузан Ајдоган кој погоди за конечните 1-1. Откако немаше резултатски промени, на крајот екипите ги поделија бодовите.

Брера со 33 бода се наоѓа на осмата позиција и е на „минус два“ зад Арсими. Од друга страна Македонија Ѓорче Петров има 25 и е претпоследна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×