67
Вардар го доби скопското дерби против Работнички, Стефан Цветковиќ погоди од слободен удар за победа од 1-0.
По кискот против Пелистер, „црвено-црните“ им се вратија на победите, попладнево го добија локалното дерби против Работнички со 1-0.
Одлучувачкиот момент на мечот се случи на средината од првиот дел, Стефан Цветковиќ погоди од слободен удар.
Вардар сега има 65 бода, четири повеќе од Шкендија, која во понеделник игра против Шкупи и важи за огромен фаворит за трите бода.