Борнмут го шокираше Арсенал на Емирати и отвори врата за Сити да се врати во трката за титулата (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Борнмут со 1-2 славеше на Емирати, Алекс Скот ги шокираше „топчиите“ и отвори врата за Манчестер Сити да се врати во трката за титулата во Премиерлигата.

Арсенал загуби дома од Борнмут и ги разочара навивачите, кои со свирежи ги испратија момците на Артета.

Крупи го отвори резултатот во 17. минута, но Ѓокереш од пенал изедначи на 1-1 во 35. минута.

„Топчиите“ не успеваа да се наметнат во продолжението од мечот, па гостите го искористија тоа и преку Алекс Скот го шокираа фаворитот во 74. минута и за 1-2 и голема победа на Емирати.

Арсенал има +9 на врвот на табелата, но Манчестер Сити има два натпревари помалку, и доколку ги добие, ќе дојде на само три бода на шест кола до крајот.

ФОТО: X/AFC Bournemouth

Можно е и ова да ти се допаѓа

×