Артета има порака за фановите на Арсенал за клучиот дел од сезоната

by riste
1 минути читање

Арсенал се бори за трофејот во Премиер лигата, но и Лигата на шампионите, сезоната влегува во самата завршница во која се решаваат прашањата за трофеите.

Микел Артета побара од фановите да бидат со фудбалерите и со создавање на пеколна атмосфера да допринесат за резултаите.

„За секој следен натпревар треба да имаме вистинска состојба на умот. Треба да го максимизираме секој резултат. Секо поединец кој ќе биде на стадионот треба да даде свој доприност. Не е само да се биде на стадионот. Тоа влијае на играта, атмосферата и енергијата на стадионот, тоа го прави мечот поразличен“, вели Артета.

Арсенал утре со почеток од 13:30 го пречекува Борнмут на Емирати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×